СЗО повика на зголемено производство на дексаметазон
Првите резултати од британското клиничко испитување покажуваат дека дексаметазонот - ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.

Светската здравствена организација повика на зголемено производство на дексаметазон, откако британските научници објавија дека овој моќен стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок КОВИД 19. Првите резултати од британското клиничко испитување покажуваат дека дексаметазонот - ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.
Мексиканските здравствени власти загрижени за брзиот раст на заболените со корона вирусот. Мексико е втората најтешко погодена држава во Латинска Америка, по што следат Перу и Чиле. Има 185.122 спотврдени случаи. Бројот на луѓе кои за жал починале поради оваа болест е речиси 22.600 година.
Во Кина 22 нови потврдени случаи на КОВИД-19. Кинеските здравствени власти информираат дека 13 се од Пекинг. Според комисијата за здравство досега не се пријавени смртни случаи од корона вирус.Во светот со корона вирусот се заразени речиси 9 милиони луѓе. Најмногу заболени има во САД, потоа следува Велика Британија, Италија, Франција.
