Штајнамер: Безбедноста на балтичките држави ја гарантираат НАТО и ЕУ
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги уверуваше Балтичките држави дека нивната безбедност им е гарантирана од НАТО и Европската унија, пренесоа француските медиуми.
- Тука сум за да кажам дека балтичките земји нема да бидат заборавени. Тоа е заеднички проблем за НАТО и ЕУ, изјави Штајнмаер пред новинарите во естонската престолнина Талин во врска со заострената тензија во руско-украинскиот конфликт.

Штајнмаер забележа дека ЕУ не сака конфронтација, но дејствијата на Русија и ја наметнуваат потребата на Унијата од подготовка на соодветни мерки, доколку Москва не се повлече.
-Ако до крајот на неделата не настапи видлива промена во однесувањето на Русија, во понеделник во Европскиот совет ќе треба да разгледаме нови мерки, рече министерот.
Шефот на германската дипломатија денеска во Талин и Рига има средби со естонскиот и летонскиот колега, а во Вилнус ќе се сретне со литванскиот претседател.