Парада за 75 годишнината од победата над фашизмот
Годинашната парада која традиционално се одржува на 9 мај беше одложена поради епидемијата на коронавирусот. Претседателите на Франција, Чешка и Хрватска првично изјавија дека планирале да присуствуваат на парадата на 9 мај, но откако беше преместена на 24 јуни, ги откажале плановите за патување во Москва...

Во главниот град на руската федерација на Црвениот плоштад се одржа воена парада по повод 75-годишнината од победата над фашизмот во Втората Светска војна. Учествуваа 14.000 лица, продефилираа 200 воени возила, единици и специјална опрема, и 75 авиони. Годинашната парада која традиционално се одржува на 9 мај беше одложена поради епидемијата на коронавирусот. Претседателите на Франција, Чешка и Хрватска првично изјавија дека планирале да присуствуваат на парадата на 9 мај, но откако беше преместена на 24 јуни, ги откажале плановите за патување во Москва. Парадата ја проследија претседателите на Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Србија, Таџикистан и Узбекистан.
На самиот почеток пред нацијата се обрати претседателот Путин. 75-годишнината на рускиот народ ја честитаа и космонаутите кои се наоѓаат на меѓународната вселенска станица.
„Драги пријатели, ние, космонаутите на Роскосмос ви ја честитаме годишнината од историската парада на победа од 1945 година. Пред точно 75 години, на 24 јуни, Советскиот сојуз и победничките војници и воената опрема поминаа низ главниот плоштад во нашата земја, со што беше одбележан долгоочекуваниот крај на големата војна и победата на советскиот народ“, изјави Анатолиј Иванин, руски космонаут.
„Осврнувајќи се на воените херои и учесниците на парадата во 1945 година, сакаме да кажеме: „Се сеќаваме, горди сме! Благодариме за победата!“- рече Иван Вагнер, руски космонаут.
На прославата беа распоредени околу 6.000 полицајци, одговорни за безбедноста. Дел од улиците во москва беа затворени за сообраќај од 5:30 часот наутро до крајот на прославата. Крајот на манифестацијата традионално одбележан со грандиозен 15-минутен огномет.
Марина Ристова
