Кинескиот амбасадор Цуј Џивеи на проштална средба кај Вељаноски

11.03.2014 14:42

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го прими на проштална средба кинескиот амбасадор  Цуј Џивеи.. Двајцата соговорници изразиле задоволство од средбата и од досегашната успешна соработка меѓу двете земји.

Вељаноски истакнал дека Република Македонија во НР Кина гледа голем пријател, земја која секогаш излегува во пресрет на нашата држава и нејзините граѓани.

Амбасадорот Џивеи искажал големо задоволство што во својот мандат во Република Македонија успеал да реализира неколку значајни проекти како проектите за изградба на автопатот Миладиновци - Штип и автопатот Кичево - Охрид кои се приоритетни инфраструктурни проекти за македонската Влада, а се реализираат со соработка и поддршка од кинеската Влада. Исто така, значајна е соработката на двете земји на повеќе полиња како што се трговската размена, здравството и соработката на локално ниво.