Финансиска помош за брендирање земјоделски производи

25.06.2020 10:34

Производителите на специфични земјоделски производи и специјалитети имаат право на финансиска помош за брендирање. Парите се наменети за изработка на елаборати на група на производители кои се занимаваат со одгледување посебни земјоделски култури или подготовка на традиционални прехранбени продукти.

Група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ имаат право финансиска поддршка.

Помошта е за трошоците за елаборати за регистрација, за заштита на називот, за географска ознака за потекло и за гарантиран традиционален специјалитет.

Максималниот износ на кој може да се добие изнесува 80 проценти од трошоците, но не повеќе од 300.000 денари.

Исплатата може да се врши двократно и тоа авансно со 20 отсто од одобрениот износ, а останатите пари ќе се добиваат по завршувањето на активноста и по доставување на извештајот.

Барањето  се поднесуваат во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик до Министерството за земјоделство.

Oхридскатa цреша, е првиот регистриран земјоделски производ со заштитена географска ознака од 2017-та година.

Методија Трајков