Светска здравствена организација

Над 9,1 милиони заболени од Ковид- 19 во светот

25.06.2020 12:44

Бројот на заболени од Ковид- 19 надмина 9,1 милиони лица, сооопшти Светската здравствена организација. Од коронавирусот досега во светот починале 470 илјади заболени...

Втор бран на корона вирус ја зафати Јужна Кореа, информираа здравствените власти. Тие изразија загриженост дека повеќе пациенти кои имаат потреба од интензивно лекување можат да бидат жртви на коронавирусот поради недостиг на болнички кревети. Доколку падне здравствениот систем, тоа ќе има катастрофални резултати, предупредуваат од Комисијата за контрола и превенција од КОВИД-19.

За да се избегне црното сценарио, лекарите ќе мора да ги класифицираат пациентите според сериозноста на симптомите. Прво, хоспитализирани ќе бидат пациентите кои се дебели, имаат над 65 години, имаат дијабетес, нестабилен крвен притисок и дишење или намалена свест. Државните и терцијарни болници со оддели за изолација ќе лекуваат пациенти со висок ризик, додека другите определени медицински центри ќе ги надгледуваат пациентите со лесни симптоми.

„Оние што одбиваат да бидат хоспитализирани или да бидат ставени во карантин ќе треба да платат парична казна. Вториот бран е почнат и потребна е реорганизација на здравствениот систем“, изјави Бенг Jи Хван, претставник на Централниот клинички комитет на Националниот медицински центар.

И Мексиканските здравствени власти загрижени поради пандемијата од КОВИД -19 бидејќи вирусот забрзано се шири во Латинска Америка. Мексико е втора најтешко погодена земја во регионот, по што следат Перу и Чиле. Бројот на починати надмина 24 илјади.

„Веќе завршува четвртата недела од оваа нова нормалност. Секогаш е добро да се запамети дека единствената разлика со националното заклучување е дека сега мерките на социјалното растојание, намалувањето на мобилноста, може да се спроведат регионално, во случајов од страна на државата“, изјави Хозе Луис Аломија, раководител на епидемиологија во Министерството за здравство.

Повеќе од 515.000 луѓе веќе се примени во студискиот протокол и се тестирараат. Над 256.000 имаат негативен тест, додека кај другите е потврдено писуството на КОВИД-19.

По 3 месеци пауза за посетителите повторно е отворена Ајфеловата кула во Париз. Ова е нејзино најдолго затворање од Втората светска војна. Враќањето на посетителите е знак дека земјата полека се враќа во нормала по ширењето на КОВИД-19.

„Ние ја затворивме Ајфеловата кула за три часа , а работиме три месеци за да ја отвориме повторно. Тоа е голем предизвик во однос на безбедноста, во однос на процесите, во однос на организацијата“, вели Патрик Руиво, претседател на компанијата за управување со кулата Ајфел.

Поради мерките на претпазливост има ограничувања, помалку посетители ќе можат да влезат, лифтовите до врвот нема да се користат, а за посетителите ќе бидат достапни само првиот и вториот кат. Сите постари од 11 години ќе мора да користат маски за лице.

 

Наташа Јанчиќ