Без согласност нема рекламирање по телефон и по електронски пат
Личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци, нормирано е во Законот за заштита на личните податоци.
Исто така, согласно со овој Закон, обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Во таа смисла, согласноста треба да биде дадена од субјектот на личните податоци, односно треба да му биде дадена можност да избере дали ќе ја даде или не својата согласност за цели на директен маркетинг.

Имено, компаниите не смеат лажно да се претставуваат и да користат лажни електронски адреси за вршење директен маркетинг, туку рекламите да ги дистрибуираат само во мрежата на контакти што се согласиле да добиваат пораки за директен маркетинг од нив.
И европратениците усвоија резолуција за начинот на кој се спроведува Директивата 2005/29/ЦЕ за нелојалните комерцијални практики.
Европскиот парламент бара од Европската комисија да спроведе истрага за распространетоста на оваа практика во ЕУ, која води до нелојална конкуренција и претставува злоупотреба на личните податоци на корисниците, за на крајот да предложи соодветен законски текст за заштита на потрошувачите.