Продолжуваат советувањата на родителите и учениците
Популарната „Родителска школа“ работи со засилено темпо. Речиси 19 000 советувања на родителите и децата се остварени во тековната учебна година, што е три пати повеќе во однос на минатата. Целта на разговорите е да се подобри поведението на децата со слаб успех и несоодветно однесување.
„Остварени се 12 364 разговори за децата со намален успех, 5107 поради нередовно посетување настава, додека 1076 пати се дискутираше за несоодветно однесување на учениците“, изјави министерот за образование, Спиро Ристовски.

Со родителите се работи во групи, во зависност од проблемите на младите, додека со учениците, вообичаено се разговара индивидуално.
„Многу малку родители не се согласуваат со овој проект. Граѓаните се свесни дека овие активности помагаат во подобрување на образованието“, потенцираше Ристовски.
Инаку, и оваа година ќе продолжи вработувањето на психолози во основните и средните училишта. Од предвидените 249 стручни лица, досега се ангажирани само 70.
Роберт Димковски