Ковид-19

Поради жешкото време, Британците масовно на плажа и покрај предупредувањата за коронавирусот

26.06.2020 12:58

Полицијата ги молела луѓето да се тргнат, а Властите биле шокирани од неодговорното однесување на граѓаните.

Жешкото време ги натера британските граѓани масовно да излезат на плажите во земјата и покрај предупредувањата за коронавирусот. Полицијата ги молела луѓето да се тргнат, а Властите биле шокирани од неодговорното однесување на граѓаните.

Издадени биле 558 казни за паркирање, што е рекорден број на едно место во толку краток временски период.

Од плажите биле извадени 33 тони ѓубре, а евидентирано  било и нелегално кампување и антисоцијално однесување – пијани посетители кои дури и се бореле.