Ковид- 19

Мексико: Стотици мртви, над 200 илјади заразени

26.06.2020 14:03

Бројот на заразени од коронавирусот во Мексико надмина 200 илјади, но властите соопштија дека вистинскиот број е далеку поголем...

Бројот на заразени од коронавирусот во Мексико надмина 200 илјади, но властите соопштија дека вистинскиот број е далеку поголем.

„Пред неколку дена ја надминавме бројката од над половина милион тестирани под сомнение за заболување. Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 надмина 200.000.  Со жалење мораме да соопштиме дека повеќе од 25.000 луѓе починале како последица на болеста“, изјави Хозе Луис Аломиа, шеф на епидемиологија во Министерството за здравство.

Во Бразил за еден ден биле регистрирани речиси 40 илјади новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на над еден милион и 200 илјади лица. Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на трето место.
Јапонија, пак, подобро се справува со коронавирусот од повеќето развиени држави. Епидемијата речиси доведе до колапс на јапонскиот здравствен систем во последните месеци, но во моментов во земјата има само 60 тешки случаи.

Во меѓувреме, Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот Ремдесивир за пациенти со коронавирус. „Ремдесивир е првиот лек против Ковид-19 што се препорачува за употреба во ЕУ“, соопшти Агенцијата. Препораката која треба да биде разгледана од Европската комисија, се однесува на третман на заразени со коронавирус, односно возрасни и млади од 12 години кои имаат пневмонија и имаат потреба од дополнителен кислород.