Осум години од смртта на Милошевиќ

11.03.2014 15:45

Поранешниот претседател на Србија и Југославија, Слободан Милошевиќ пред 8 години почина од инфаркт во својата ќелија во притворот на Хашкиот трибунал во текот на судењето за воени злосторства и злосторства против човештвото на Косово и во Хрватска, како и за геноцид во Босна и Херцеговина.

Бидејќи градските и државните власти не дале дозвола што ја побарале семејството и високите функционери на Социјалистичката партија на Србија дека тој ќе биде погребан во Белград со државни почести, погребан е во дворот од семeјната куќа на неговата сопруга Мирјана Марковиќ во Пожаревац.

Неговата сопруга ја напушти земјата на 23 февруари 2003, а нивниот син Марко заминал на петти октомври 2000 и бил принуден да го признае поразот на изборите за претседател на Сојузна Република Југославија. Денес и двајцата  живеат во Русија, а ќерката Марија во Црна Гора.

Десетгодишното владеење на Слободан Милошевиќ заврши во 2000-та со победа на кандидатот на здружената Демократска опозиција на Србија на Воислав Коштуница на изборите за претседател на СРЈ.