Ангеловска: Корисниците на домашната платежна картичка веќе можат да пазарат со неа

29.06.2020 10:47

Домашните платежни картички можат да се користат за купување на домашни производи до 15 август...

Околу 28 милиони евра се веќе префрлени на банките за домашната платежна картичка, а до средината на изминатата недела се веќе издадени 60.000 картички за корисниците, во износ од околу 11 милиони евра и истите се во функција. Со домашните платежни картички веќе се пазарат македонски производи, изјави вчера министерката за финансии Нина Ангеловска.

Ангеловска посочи дека се разгледуваат сите поднесени приговори и посочи дека сите кои  ги исполнуваат условите, а не се на иницијалната листа, ќе добијат домашна платежна картичка.

Домашните платежни картички можат да се користат за купување на домашни производи до 15 август. Продавниците се задолжени на посебни рафтови или со назнаки да ги посочат македонските производи во малопродажбата.