Фестивалите ќе чекаат подобри времиња
Во Прилеп во јуни и во јули, традиционално се одржуваа Македонскиот театарски фестивал и Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Но годинава традицијата е прекината. Поради пандемијата, првите можни термини се крајот на август или септември, но и тие се неизвесни.

Периодот на фестивали се одложи за посигурни и безбедни времиња. Остана да паметиме дека почетокот на јуни во Прилеп е реервиран за МТФ „Војдан Чернодрински“, а крајот и почетокот на јули за фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Но кога и дали ќе се одржат фестивалите.
Се се подведува под најважното - Ако е безбедно. А битен е и контитнуитетот на најреномираните манифестации во земјава.
Фестивалот ќе ја чека првата можност за на Рудина кај долнени да одекнат гајдите, тапаните, зурлите за да се чува и да се негува богатиот изворен мелос, а семинарот за изучување на народните инструменти - да се пренесе на новите генерации.
Фестивалите ќе мора да ги чекаат подобрите времиња.
Елизабета Митреска
