Кандидатите за полициски пилоти покажаа квалитетна конкуренција
Голема и квалитетна конкуренција покажаа кандидатите за полициски пилоти. Почнаа првите елиминации.

Добра физичка подготвеност на кандидатите за полициски пилоти повлекува и квалитетна конкуренција. Почнаа првите елиминации. Од 466 пријавени , четворица не ја минале административната проверка. Стартуваше физичката селекција. Желбата за откривање на небесните височини , главен предизвик за кандидатите. 59 од нив се девојки. Строгата селекција ќе ја минат само 12. Толку кандидати се бараа со конкурсот.
Проверките што ги правиме за пилоти на полициски хеликоптери се сосема различни од оние за полициски службеници, од причина што и нашите барања се различни, и сосема се различни и позициите за кои регрутираме луѓе. Со оглед на силната конкуренција, јас верувам дека до крајот на селекцијата ќе ги добиеме најдобрите 12 кандидати, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.)
До остварување на високопоставените критериуми остануваат уште неколку фази, меѓу кои психичката и здравственaта состојба, како и познавањето на англискиот јазик, кој е неопходен за следење на обуката. Најдобрите 12 ќе ја продолжат 19-месечна едукација што ќе се реализира во Центарот за обука на пилоти за хеликоптери.
Автор: Наташа Гркова-Петрушевска
