Горивата поскапуваат за половина денар

29.06.2020 15:06

Бензините од 95 и 98 октани ќе се продаваат за 61, односно 63 денари за литар. Дизелот ќе чини 52,50 денари, а екстралесното масло 52 денара за литар...

Од полноќ за половина денар поскапуваат бензините, дизелот и екстралесното масло за домаќинство. Бензините од 95 и 98 октани ќе се продаваат за 61, односно 63 денари за литар. Дизелот ќе чини 52,50 денари, а екстралесното масло 52 денара за литар. Поскапува и мазутот. Килограм ќе се продава за 25,824 денари.

Причини за корекциите на цените се растот на референтните цени на берзите, како и повисокиот курс на доларот во однос на денарот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.