ЕУ ќе објави список на безбедни земји од Ковид-19
Европската комисија претходно препорача постепено отворање, почнувајќи од 1 јули и предложи граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ во Западен Балкан да можат да патуваат во ЕУ.

Европската унија се очекува да објави список на земји безбедни од Ковид-19 каде што може да се патува или пак нивните граѓани да може да влегуваат во Унијата. Официјални претставници на ЕУ подготвуваат список од 15 земји што се безбедни за отворени граници засновано врз епидемиолошки критериуми.
Европската комисија претходно препорача постепено отворање, почнувајќи од 1 јули и предложи граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ во Западен Балкан да можат да патуваат во ЕУ.
Првично предложениот список вклучуваше 47 земји од целиот свет, како и 7 европски држави - Босна, Грузија, Црна Гора и Србија, како и Андора, Монако и Ватикан.
