СЗО испраќа тим во Кина
СЗО испраќа тим во Кина да го истражи потеклото на Ковид-19. Генералниот директор на организацијата смета дека познавањето на изворот на вирусот е многу важно. Се надева дека тоа ќе доведе до знаење за побрзо да се подготвиме за иднината...

СЗО испраќа тим во Кина за подобро да се разбере како почна епидемијата на коронавирусот, изјави генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејсус. Тој истакна дека познавањето на изворот на вирусот е многу важно, додавајќи дека можат многу повеќе да дознаат за вирусот кога ќе знаат сè за него, вклучително и како почнал да се појавува.
„СЗО смета дека познавањето на изворот на вирусот е многу важно. Тоа е во науката. Тоа е јавно здравје. Можеме подобро да се бориме против вирусот кога знаеме сè за него, вклучително и како почнал. Следната недела ќе испратиме тим во кина за да се подготвиме за тоа. Се надеваме дека тоа ќе доведе до знаење за побрзо да се подготвиме за иднината“, изјави генералниот директор на СЗО, Гебрејсус.
Генералниот секретар на СЗО ги отфрли обвинувањата од некои земји дека стратегијата за следење на контактите на заразените со коронавирус е премногу тешка за спроведување и дека е неефикасна во контролата на пандемијата.
Во последните месеци, земји со голем број заразени лица, вклучително и Велика Британија и Соединетите Американски Држави, посочија дека има премногу контакти за да се најде ефикасен систем што може да се воспостави.
Британија првично се обврза да воспостави систем за следење контакти, но на крајот се откажа од дигиталната апликација што ја разви за таа цел, а политичарите признаа дека програмата сè уште не работи целосно и покрај тоа што се ангажирани илјадници работници.
СЗО уште еднаш предупреди дека системот на следење и откривање на контактите мора да продолжи бидејќи пандемијата не покажува знаци на забавување, туку напротив се забрзува.
Марина Ристова
