Албанските власти притвориле седум верници кои регрутирале војници за Сирија

11.03.2014 16:05

Властите во Албанија уапсија седуммина верници муслимани меѓу кои се и двајца имами-оџи, под сомневање дека вршеле регрутирање на верници за да војуваат во Сирија.

Тие се уапсени во џамијата Уназа е ре, во албанскиот главен град Тирана, и при апсењето кај нив е пронајдено и огнено оружје. Јавниот обвинител за тешки кривични Евген Беци за албанските медиуми изјави дека седумтемина уапсени биле следени  повеќе месеци и дека уапсени се и имамите Генц Бала и Бујар Хиса, и двајцата одговорни во две џамии во Тирана.