Германија го презеде претседателството со ЕУ

01.07.2020 13:39

Како втор приоритет се наведуваат разговорите за Брегзит, кои треба да завршат до крајот на годината. Помеѓу приоритетите на Берлин во втората половина од годината се наведуваат и постигнување договор за миграцијата, Законот за климата, како и Конференцијата за иднината на Европа...

Германија го презеде претседателството со ЕУ од Хрватска. Во следните шест месеци претседателствувањето на Германија со Европската Унија првенствено ќе биде посветено на борбата против пандемијата со Ковид-19 и нејзините последици.

Како втор приоритет се наведуваат разговорите за Брегзит, кои треба да завршат до крајот на годината. Помеѓу приоритетите на Берлин во втората половина од годината се наведуваат и постигнување договор за миграцијата, Законот за климата, како и Конференцијата за иднината на Европа.

За време на поготовките за претседателствување со Советот на ЕУ од Берлин беше најевено дека германскиот фокус ќе биде на Западен Балкан и проширувањето, но поради пандемијата беа воспоставени „нови приоритети“, а следните шест месеци неформално го добија името „корона претседавање“.