Вардар во Бања Лука брка пласман на “Фајнал фор“

11.03.2014 16:24

Ракометарите на Вардар вечерва му гостуваат на Борац, во рамките на 17 –то, претпоследно коло од Сеха лигата. Македонскиот шампион може да се промовира во учесник на завршниот турнир на едно коло пред крајот на сезоната, доколку победи или освои најмалку бод против босанскиот првак. Вардарци кои котираат на четвртата позиција, со два бода зад Мешков Брест, а три пред Металург, досега остварија 10 победи и вкупно 33 бода, и се надеваат на слична претстава како во минатото коло, кога го разнесоа Ловќен во Цетиње со 42:22.

Ракометарите на Вардар вечерва му гостуваат на Борац, во рамките на 17 –то, претпоследно коло од Сеха лигата. Македонскиот шампион може да се промовира во учесник на завршниот турнир на едно коло пред крајот на сезоната, доколку победи или освои најмалку бод против босанскиот првак. Вардарци кои котираат на четвртата позиција, со два бода зад Мешков Брест, а три пред Металург, досега остварија 10 победи и вкупно 33 бода, и се надеваат на слична претстава како во минатото коло, кога го разнесоа Ловќен во Цетиње со 42:22. Натпреварот се игра вечерва во салата “Борик“ во Бања Лука, со почеток од 20 часот. Денес на програмата е уште дуелот меѓу Нексе и Мешков Брест, кој има само значење за меѓусебен престиж. Белорусите го осигураа местото во големната четворка по победата над Металург, а седмопласираниот Нексе би можел евентуално до крајот да биде место погоре, каде што засега е Војводина.