САД: Загриженост заради рекордниот раст на новозаразени
Во дел од државите се уште се суспендирани плановите за натамошно отворање на економијата, а зголемување на бројот на заразени е забележано во 37 земји.

Коронавирусот продолжува брзо да се шири низ САД поради што во земјата постои загриженост. Последните податоци покажуваат над 47.000 нови случаи на Ковид-19, што е најголемото дневно зголемување на бројот на инфекции од појавата на пандемијата.
Во дел од државите се уште се суспендирани плановите за натамошно отворање на економијата, а зголемување на бројот на заразени е забележано во 37 земји.
Здравствените експерти, предупредуваат на опасноста од интензивно ширење на коронавирусот, паралелно водејќи жестока дебата за носењето маски.
Претседателот Трамп, пак, во повеќе наврати се соочи со критики од неговата Републиканска партија да носи маска во јавноста.
