Ангеловска: Приходите подобри од очекувањата, буџетот ликвиден

02.07.2020 12:07

И покрај корона кризата, извршувањето на буџетот оди плански, а ликвидноста е обезбедена, тврди Ангеловска. Постепено закрепнување на домашната економија се очекува и во третиот и четвриот квартал.

Резултатите во економијата се подобри од очекуваното, што укажува дека закрепнувањето е почнато, вели првата финансиерка Ангеловска. Приходите се на ниво од 44 насто од ребалансот, што е за 9 проценти помалку од лани.

И покрај корона кризата, извршувањето на буџетот оди плански, а ликвидноста е обезбедена, тврди Ангеловска. Постепено закрепнување на домашната економија се очекува и во третиот и четвриот квартал.

„И покрај предизвиците со кои се соочува македонската екномија, во услови на справување со КОВИД, извршувањето на буџетот се одвива по план, а ликвидноста е обезбедена. Очекуваме и во третиот и четвриот квартал од годината постепено опоравување на домашната економија, кое ќе биде поддржано од реализација на третиот сет на мерките наменети за заживување на економската активност“, изјави Ангеловска.

Министерката за финансии нагласува дека тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Останува обврската и одговорноста на државата да ги обезбеди и испорачува јавните добра и услуги до сите, особено сега, во овие тешки времиња.