Русија: На референдумот 78 насто гласале за уставните измени
02.07.2020 12:25
Тоа му го отвора патот на претседателот Путин да побара уште два мандата и да остане на власт до 2036 година...

На националниот, необврзувачки референдум во Русија за уставните измени, речиси 78 насто гласале „за“. Тоа му го отвора патот на претседателот Путин да побара уште два мандата и да остане на власт до 2036 година.
Комисијата почна со објавување на првичните резултати неколку часа пред да се затворат гласачките места во западните делови на земјата, што е вообичаено нелегално во Русија.
Но, сегашниот плебисцит за повеќе од 200 уставни амандмани не беше спроведен во согласност со руските закони за референдум.
