Малезискиот Боинг останува енигма
Интерпол смета дека не станува збор за напад, но, безбедносните служби во Европа и во САД не го делат истото мислење...

Енигмата останува, истрагата се проширува. Малезиската војска со мал сигнал дека влегла во трага на исчезнатиот Боинг 777. Според нивната верзија, авионот летал уште еден час откако се изгубил од радарот, го променил правецот на движење и се упатил кон Малајскиот теснец. Интерпол смета дека не станува збор за напад, но, безбедносните служби во Европа и во САД не го делат истото мислење.
„Како што поминува времето, и како добиваме повеќе информации се повеќе сме сигурни дека не се работи за терористички напад“, вели Роналд Нобл, шеф на Интерпол.
Шефот на малезиската полиција соопшти дека 19-годишниот Иранец, кој бил патник со украден пасош, не е поврзан со терористичка организација, туку сакал азил во Германија.Во потрагата, на бродовите, авионите ихеликоптерите, им се приклучија и кинески сателити со висока резолуција. Се прошири и радиусотна пребарување од 100.000 квадратни метри од Малезија до Виетнам.
„Го претражуваме теренот каде леталото го изгуби контактот со радарите, а постојано го прошируваме теренот каде што бараме“, изјави До Мин Туан, командант на воздухопловните сили на Виетнам.
„Правиме напори да ги најдеме патниците, но надежта е се помала. Ги употребуваме сите најсовремени технички можности за да дојдеме до било каква информација“, вели Фам Кјуј Тиеј, министер за транспорт на Виетнам.
Аеродромот во Куала Лумпур останува место за молитва. Семејствата се лути бидејќи нема никакви нови информации. Ги обвинија истражните органи за пропустите со лажните пасоши.
„Многу сум загрижен, поминува четвртиот ден, а се уште немаме никаква информација“, вели роднина на патник во исчезнатиот авион.
„Сочувствувам со фамилиите на луѓето кои незнаат каква е судбината на нивните најблиски.“
Владите на повеќе земји апелираа да не се шират дезинформации околу можните причини за падот.
Марија Петковска
