Продолжува да расте бројот на заболени од Ковид-19 во светот
За 24 часа во светот биле регистрирани 176 илјади новозаразени од Ковид- 19. Со тоа вкупниот број на инфицирани надминал 10,5 милиони лица. Досега починале над 512 илјади заболени, соопшти Светската здравствена организација...

Плажите во Калифорнија и Тексас ќе бидат затворени за овој празничен викенд, бидејќи продолжува да расте бројот на заболени од Ковид-19. Во Тексас, одењето на плажа е празнична традиција за многумина, но овој четврти јули таа ќе биде прекината. Точките за пристап до возилата ќе бидат затворени и нема да биде дозволен паркинг на булеварите. Никој не ќе може да влезе на јавна плажа од која било причина.
Морскиот брег ќе биде забранет за секаков вид пикник, но ќе може да се пешачи, да се вози велосипед односно да се вежба.
Округот Чемберс , кон север, не планира да ја затвори плажата Мекфадин,но од полноќ власите на Каунти Галвестон го затворија полуостровот Боливар.
„Се чувствуваме добро кага сме надвор и држиме социјална дистанца едни од други.“
„Ние излеговме денес затоа што знаевме дека ќе има помалку луѓе.“
И покрај критиките на бразилските здравствени експерти, по повеќе од три месеци затворање во Рио де Жанеиро, повторно се отвораат баровите, рестораните, спортски сали,.
Како дел од етапното враќање кон нормалата, баровите, рестораните и кафулињата имаат дозвола да работат со половина капацитет, со оддалеченост помеѓу масите од два метра и приоритет да има служењето храна и пиење на отворено. Можат да бидат отворени и Спортските сали, салоните за убавина и за тетоважи во Рио.
„Ниската побарувачка за интензивна нега и болнички кревети и стабилизираниот број смртни случаи ни покажуваат дека имавме мрачен врв во мај, а потоа паднавме на сегашно ниво“, рече градоначалникот на Рио, Марсело Кривела .
„Не сум многу возбуден, затоа што некои луѓе не го почитуваат тоа што треба да го почитуваат, социјалното дистанцирање, прашањето за хигиена.“
„Немав долгови, работев и сметките ми беа платени, но сега имам долгови, затоа мораме да почнеме со работа.“
„Јас сум многу оптимист затоа што физичката активност е дел од решението на проблемот. Луѓето треба да вежбаат, единствениот начин за вас да го подобрите имунитетот е да спиете добро, да јадете добро и да бидете физички активни“.
Во Индија, преживеаните од коронавирус донираат плазма. Во Њу Делхи е отворенае банка за плазма која им дозволува на луѓето кои се оздравени од КОВИД-19, да ја даруваат својата крв богата со антитела за иден третман со коронавирус.
Во 38 земји на Африка со корона вирус се инфицирани повеќе од 6.000 здрвствени работници. Стотици лекари се заразени во ново жариште во Јужна Африка. Вкупниот број заболени надмина 10,5 милиони, соопшти Светската здравствена организација. Досега од КОВИД-19 Починале над половина милион луѓе.
Наташа Јанчиќ
