206 милиони евра поврат на ДДВ кон фирмите во првото полугодие
Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44%.

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид COVID-19 кризата, соопштуваат од Министерството за финансии.
Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44%.
Повратот на ДДВ кон фирмите во услови на COVID-19 кризата е од големо значење, заради зачувување на ликвидноста на стопанството, а со тоа и поттикнување и поддршка на економската активност.
Министерката за финансии Нина Ангеловска, вчера, презентирајќи го извршувањето на буџетот за првото полугодие од 2020, истакна дека приоритет за Министерството е да ги сервисира сите свои обврски редовно и навремено.
Инаку, минатата 2019 година, фирмите добија поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година или дури 44% повеќе во однос на 2016 година.
