Франција доби нов премиер

03.07.2020 15:28

Претседателот Емануел Макрон го именуваше Жан Касте за мандатар за состав на новата француска влада.

Франција доби нов премиер, неколку часа по оставката на Едуард Филип. Претседателот Емануел Макрон го именуваше Жан Касте за мандатар за состав на новата француска влада.

55- годишниот Касте извршувал различни функции во неколку влади. На изборите на 15-ти март беше избаран за градоначалник во општина во Југоисточна Франција,  а и дел од тимот за рестартирање на Франција по коронакризата.