„Рурален лекар“ продолжува со теренската работа
Последна подготовка пред пат. Лекарските патронажни тимови понекогаш поминуваат и по 60 километри до оддалечените села...

Последна подготовка пред пат. Лекарските патронажни тимови понекогаш поминуваат и по 60 километри до оддалечените села. Жителите со здравствени проблеми не ја испуштаат можноста да одат на контрола.
„Како сте со здравјето, штом сум стигнал до овие години, добро сум...Притисокот ви е добар, 140 со 80... Да не ве мачи нешто, настинка, температура... Немам ништо од тоа, само шеќер....“ се дел од разговорите меѓу патронажните екипи и жителите.
Да не го мачи дијабатесот, 82-годишниот дедо Младен би бил одлично. Некои не ја испуштија можноста за рутински преглeд. Има денови кога лекарот и сестрата прегледуваат и по триесетина пацинети.
„Секој сака да отиде на лекар, секој се грижи за здравјето, но условите, и да појдеш на лекар ти требаат пари, треба да платиш автобус, а кога би имало тука лекар, би било поинаку...“ вели еден постар господин.
Драги Пешевски, пак, иако тешко се движи поради болки во половината, ја искористи можноста да си го провери притисокот.
„Притисокот ти е многу висок, 190 со 90. Земаш ли терапија? Не смееш да ја оставаш, мора редовно да ја земаш...“ велат од тимот.
Доктор Снежана која со трпение ги слуша пациeнтите вели дека според нив стресот е причината за нарушеното здравје.
„Пациентите се жалат на астма, ревматски болки, ново основа на шеќер и на висок притисок. Вчера во село Горњани дојде жена со притисок 220,која никогаш не била кај матичен лекар,“ изјави д-р Снежана Зоксимовска.
И додека траејa прегледите, Снежана Ивановска ги замоли да отидат кај неа дома за да го прегледаат нејзиниот сопруг кој е тешко болен. Лекарскиот тим кој го посетилминатата недела и беше запознаен со состојбата на болниот, не ја одби. Снежана им e благодарна на лекарите што го прегледаа Трајан. Вели, тој е задоволен, му дадоа надеж.
Над 300 илјади жители кои живеат далеку од градовоите и планиските предели можат да добијат основен здравствен преглед од руралниот лекар.
Наташа Јанчиќ
