Одбележување на годишнината од завршувањето на Првата Светска Војна во Македонија

Спомен на сите жртви и раселени

08.11.2013 19:23

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери..

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, на 9 ноември (сабота), ќе положи венци на Француските гробишта во Битола (11:00 часот) и на Германските гробишта во Прилеп (13.00 часот).

Положувањето венци и комеморацијата на меморијалните гробишта во Битола и Прилеп е по повод годишнината од крајот на Првата светска војна и заедничкото одбележување на денот на спомените за сите жртви, ранети и раселени лица од сите војни и сите народи.

Во знак на помирување и пријателство помеѓу Франција и Германија, за време на комеморацијата, амбасадорката на Германија, Гудрун Штајнакер, ќе одржи говор на француски, додека амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, на германски јазик.

Во недела, 10 ноември, министерот Џафери ќе положи венец и на британските гробишта во населбата Автокоманда.