Ред Бул со Б болидот во Мелбурн
Актуелниот Ф1 шампион Себастијан Фетел потврди дека на првата трка во сезоната претстојниот викенд во Мелбурн ќе ја вози Б спецификацијата на болидот РБ 10.

Според Фетел однадвор болидот е идентичен , но во внатрешноста е сосема различен од А спецификацијата. Германецот вели дека и натаму не знае точно каде се наоѓа во однос на конкуренцијата, но е сигурен дека Ред Бул не е меѓу фаворитите и дека проблемите не може да се решат прекуноќ. Од другастрана се огласи и поранешниот Ф1 возач Јарно Трули кој најавува дека Ред Бул дури би можел и да ја прескокне сезоната и комплетно да се насочи кон 2015-тата. Според Трули, ако по првите неколку трки шампионскиот состав не успее да ги реши проблемите, тогаш е реално да се очекува да дигне раце од оваа и комплетно да се посвети на следната сезона, а настапите во тековната да ги користи како тест за болидот што ќе го развива за 2015-тата.
