Почина композиторот Енио Мориконе

06.07.2020 13:52

„Маестро“, како што го нарекуваа, е автор на музиката во над 700 филмови и серијали, меѓу кои и антологиските „Добар, лош и грд“, „Беше еднаш во Америка“, „За грст долари“, „Егзорцист“, „Недоприливите“, „Мисија“.

Во 91-та година од животот почина славниот италијански композитор Енио Мориконе. Се смета за еден од највлијателните филмски композитори во 20-от век.

„Маестро“, како што го нарекуваа, е автор на музиката во над 700 филмови и серијали, меѓу кои и антологиските „Добар, лош и грд“, „Беше еднаш во Америка“, „За грст долари“, „Егзорцист“, „Недоприливите“, „Мисија“.

Енио Мориконе компонирал повеќе од 60 години. Седум пати беше номиниран за Оскар за музика, а наградата ја доби во 2016 година за филмот на Квентин Тарантино, „Омразените осуммина“.