Мелбурн шест недели во карантин поради корнавирусот
Бројот на заболени од Ковид- 19 во светот надмина 11,3 милиони, додека над 532 илјади ја загубија битката со коронавирусот. Најмногу заболени имаат САД, 2 милиони и 833 илјади. Во Бразил се регистрирани 1 милион и 577 илјади лица со Ковид-19, додека на трето место на оваа листа на СЗО е Русија со 687 илјади инфицирани...

Во вториот град по големина во Австралија, Мелбурн воведен е карантин и ќе трае шест недели. Властите се решија на овој потег за да го спречат ширењето на коронавирусот и нејзиниот втор бран, пренесуваат тамошните медиуми Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, вели дека луѓето мора да останат во своите домови, освен за работа, итни обврски, медицински третман или училиште. Во домовите не смеат да се примаат гости, а училиштата во погодените области нема да ги отворат своите врати уште една недела, како што е предвидено со училишниот календар. Се работи за држава во која се забележани 191 нов случај на коронавирус во текот на едно деноноќие, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на кризата.
„Ова е неодржливо има голем број нови случаи. На тоа ниво, невозможно е да се контролира вирусот без значителни мерки. Местата што постепено се отвораа ќе мора да се вратат исклучиво на систем за достава. Другите бизниси што отворија ќе треба да се затворат“, изјави Даниел Ендрус, премиер на Викториа.
Минатата недела за повеќе од 300.000 жители на северните предградија на Мелбурн е воведен карантин, откако по две недели е забележано двоцифрено зголемување на дневните зарази во втората најнаселена држава во Австралија.
Во Кина пак се подобрува ситуацијата. Властите соопштиле дека во изминатите 24 часа нема новозаболени. Како што се наведува, за прв пат нема пациенти од нагло зголемување на бројот на заразени лица во Пекинг на почетокот на јуни, кога беа воведени карантински мерки заради појава на вирус во близина на пазарот на големо.
Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник. Десет проценти од сите инфекции со Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни, биле меѓу здравствени или социјални работници, се наведува во истражувањето.
Студијата ја спровела независна група експерти, на барање на Кралското друштво, објавена во „Њу Сајантист“. Истражувашето исто така проценува дека најмалку 1 процент од инфекциите, во истиот временски период, се пациенти во болници, а најмалку 6 отсто се во старски домови.
Лидија Чакар
