МФ: Поради обезбедена ликвидност, во јули само една аукција на ДХВ
07.07.2020 14:58
Oд двете редовни аукции на државни харттии од вредност, во месец јули ќе се одржи само една аукција...

Во насока на водење на прудентна политика на јавен долг и поради обезбедена тековна ликвидност, аукцијата на државни хартии од вредност која според Календарот на аукции беше предвидена за денес нема да се реализира, соопштија од Министерството за финансии.
Согласно тоа, од двете редовни аукции на државни харттии од вредност, во месец јули ќе се одржи само една аукција. Инаку во месец јули се вратени 620 милиони денари, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност.
