СЗО: Има докази дека вирусот се пренесува преку воздух
Научниците тврдат дека постојат докази дека малите честички на новиот коронавирус во воздухот можат да ги заразат луѓето и ја повикуваат СЗО да ги смени препораките.

СЗО призна дека има докази оти Ковид-19 се пренесува преку воздухот, откако 239 меѓународни научници укажаа на таква можност. Научниците тврдат дека постојат докази дека малите честички на новиот коронавирус во воздухот можат да ги заразат луѓето и ја повикуваат СЗО да ги смени препораките.
Организацијата препорачува проветрување на затворените простори и одржување на физичка дистанца, а ако тоа не е можно, тогаш носење на маски.
Инаку САД официјално се повлекоа од Светската здравствена организација по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој ја обвини организацијата за лошо менаџирање со пандемијата на Ковид-19.
