Србија: Повредени и уапсени во протестите против владините планови

09.07.2020 10:32

Нереди имаше и во Нови Сад каде што демонстрантите се обидоа да влезат во зградата во која се наоѓа регионалниот јавен радиодифузер. Каменувана беше и канцеларијата на владејачката Српска напредна партија.

Деветнаесет полицајци и 17 демонстранти беа повредени на синоќешните протести во Белград против владините планови и одлуки за справувањето со пандемијата со ковид-19. Нереди имаше и во Нови Сад каде што демонстрантите се обидоа да влезат во зградата во која се наоѓа регионалниот јавен радиодифузер. Каменувана беше и канцеларијата на владејачката Српска напредна партија.

„Според она што се случува на улиците во Белград, Нови Сад, Крагујевац, Ниш и други градови во Србија, јасно е дека имаме ситуација која може да се опише само како „апсолутно насилство“, обид за физички конфронтации со луѓето, уништување на имоти, обид за земање на власта со сила и без волјата на народот“, изјави Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Поради најновите случувања кризниот штаб на средба на која се одлучува за воведување на нов мерки кои би го запреле ширењето на заразата. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека веројатно ќе бидат воведени дополнителни ограничувања, но не и полициски час.

 

Маја С. Филдишев