Нови рестриктивни мерки во Мелбурн, САД со нов рекорд на заразени
Во САД регистрирани над 58 илјади нови случаи, што е глобален рекорд во едно деноноќие. Претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше главниот експерт за заразни болести во неговата администрација...

Поради зголемениот број на заразени лица со коронавирусот, властите во вториот по големина австралиски град Мелбурн воведуваат нови рестриктивни мерки што ќе траат шест недели. Се заоструваат контролите на внатрешните граници за да се избегне втор бран на епидемијата со ковид-19. Неколку недели по постепеното отворање, жителите ќе можат да ги напуштат домовите само поради итни причини. Училиштата остануваат затворени.
„Немојте да мислите дека постои земја или територија којашто е имуна. Ако постојат проблеми во која било од нив, најдобрата одбрана што ја имаме е континуираното практикување на соодветните мерки, како што физичкото растојание“, изјави Скот Морисон, премиер на Австралија.
Во САД регистрирани над 58 илјади нови случаи, што е глобален рекорд во едно деноноќие. Претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше главниот експерт за заразни болести во неговата администрација Ентони Фаучи истакнувајќи дека земјата била во добра состојба. Обединетите Нации потврдија дека добиле известување од Вашингтон за повлекување од Светската здравствена организација на 6 јули идната година.
