Меркел: Европа да покаже солидарност
Кохезијата, темелните права, заштитата на климата, дигитализацијата и улогата на Европа во светот се петте приоритети на Германија...

„Европската унија мора да покаже солидарност, да се осигура дека регионите кои се најпогодени од пандемијата ќе добијат најмногу, а при тоа, оние кои се економски посилни да не бидат преоптоварени“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на обраќањето во Европарламентот во Брисел. Претставувајќи ја шестмесечната програма во рамките на претседавањето со ЕУ, предупреди дека враќањето на национализмот значи помала, а не поголема контрола.
„Германското претседавање е со цел Европа да излезе од кризата пообединета и посилна. Ние не сакаме да ја стабилизираме Европа само на краткорочен план, тоа не е доволно. Сакаме Европа којашто дава надеж. Не смееме да бидеме наивни. Многу земји-членки, противници на Европа чекаат да ја злоупотребат кризата за нивна цел. Мора да им покажеме на сите нив каде лежи додадената вредност на соработката во ЕУ“, изјави Меркел.
Кохезијата, темелните права, заштитата на климата, дигитализацијата и улогата на Европа во светот се петте приоритети на Германија. На 17 и 18 јули е закажан состанок на челниците на земјите-членки со цел да се постигне договор за овие прашања.
