Србија

Трет ден протести во Белград

10.07.2020 10:09

Српските медиуми јавија дека голем дел од демонстрантите седеле на платото пред оградата на Собранието. Полицијата била малку видлива...

Третиот ден од протести пред српското Собрание во Белград и во уште неколку српски градови, помина главно мирно, за разлика од претходните денови.

Српските медиуми јавија дека голем дел од демонстрантите седеле на платото пред оградата на Собранието. Полицијата била малку видлива, а на места, им се придружила на демонстрантите седнувајќи до нив.

Во текот на протестите, дошло до помала физичка пресметка помеѓу демонстрантите, а запалени биле и факели.