Италија забрани влез за граѓани од 13 земји
Здравствените власти истакнаа дека епидемијата е во најзаострена фаза на глобално ниво и дека не смее да се загрози жртвата што ја направиле италијанците во последните месеци.

Италија ги затвори своите граници за 13 земји кои ги смета за најризични места за ширење на коронавирусот. Забраната за патување се однесува на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.
Здравствените власти истакнаа дека епидемијата е во најзаострена фаза на глобално ниво и дека не смее да се загрози жртвата што ја направиле италијанците во последните месеци.
На граница ќе се блокираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели. Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.
