САД: Нов рекорд на новозаболени од коронавирус
10.07.2020 12:49
Според податоците од универзитетот Џон Хопкинс забележани се повеќе од 65 илјади нови случаи.

Соединетите држави во последните 24 часа забележаа нов рекорд во дневниот број на заразени со коронавирус. Според податоците од универзитетот Џон Хопкинс забележани се повеќе од 65 илјади нови случаи.
Вкупниот број заразени во земјата од избувнувањето на пандемијата надмина 3,11 милиони. Рекорди бележат Тенеси, Западна Вирџинија и Јута, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од вкупно 50 држави.
