Големо апсење во Куманово! Паднаа „наследниците на теренот“ на Бајруш Сејдиу

12.03.2014 08:47

Се апси поголема група лица кои биле инволвирани во разни тешки кривични дела. Се занимавале со недозволена трговија со дрога, лихва и перење пари...

Во тек е голема полициска акција во Куманаво. Се апси поголема група лица кои биле инволвирани во разни тешки кривични дела. Се занимавале со недозволена трговија со дрога, лихва и перење пари.

Полицијата долго време им била во траг, затоа што групата подолго време функционирала. Истата после апсењето на познатиот „кумановски бос“ Бајруш Сајдиу, кој беше уапсен во акцијата „Пепел“, го презела неговиот терен, а настапувала посурово во споредба со него.

Оваа информација за МРТ ја потврдија извори од истрагата.

Повеќе информации следуваат во текот на денот.

 

Наташа Гркова- Петрушевска