Ковид-19
Трамп за прв пат во јавноста со заштитна маска
12.07.2020 15:31
Од почетокот на пандемијата во САД, кои бележат над 3,2 милиони заразени, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите во јавност да носи заштитна маска.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во преградието на Вашингтон и за прв пат во јавноста носеше заштитна маска поради пандемијата од корона вирусот.
Од почетокот на пандемијата во САД, кои бележат над 3,2 милиони заразени, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите во јавност да носи заштитна маска.
Според анонимни извори блиски на Трамп, претседателот се плашел дека носењето на маска ќе делува слабо и се грижел дека вниманието ќе го стави акцентот на здравствената криза, а не на економската обнова, на што инсистира.
