СЗО: Нов рекорд на заболени во едно деноноќие
13.07.2020 10:41
На глобално ниво се потврдени над 12,5 милиони случаи, а животот го загбиле повеќе од 560 илјади луѓе.

За 24 часа се регистрирани над 230 илјади заболени лица со коронавирус. Нов рекорден раст на бројот на заразени за едно деноноќие.
САД каде што се евидентирани повеќе од 66 илјади се повторно на врвот на списокот. На глобално ниво се потврдени над 12,5 милиони случаи, а животот го загбиле повеќе од 560 илјади луѓе.
СЗО прогласи пандемија на 11 март. Вирусот кој се појави во кинескиот град Вухан зеде најмногу жртви во Европа, САД и Јужна Америка.
