САД

Бајден победи на внатрепартиските избори во Порторико

13.07.2020 11:14

Синоќешното гласање беше закажано за март, но мораше да биде одложено поради пандемијата на коронавирусот...

Џо Бајден победи на внатрепартиските избори кај демократите во Порторико, со што официјално стана демократски претседателски кандидат за изборите во ноември во САД.

Синоќешното гласање беше закажано за март, но мораше да биде одложено поради пандемијата на коронавирусот. Порториканците се државјани на САД, но не можат да гласаат на општите избори во ноември.

И покрај тоа, и демократите и републиканците ги канат делегатите од оваа американска територија на нивните политички конвенции.