Исчезна непроценливо културно богатство
Обетки, прстени, копчиња, но и други артефакти...
Обетки, прстени, копчиња, но и други артефакти засега околу 60-тина недостасуваат од депото на музејот на Македонија.. сите се дел од непроценливо културно историско значење а потекнуваат од античко и римско време откриени на локалитетите Стоби И Исар Марвинци. МВР истражува како артефатите исчезнале, кој е крадецот. Засега познато е дека нема насилно влегување во депото.
-Дали се прекршени правилниците за работа на музејот дополнително ќе се утврдува.Примарен интерес на МВР да се пронајдат артефактите кои се од непроценливо културно историско значење – изјави помошникот министер за внатрешни работи Иво Котевски
Од музејот на македонија информираат дека објектот физички се обезбедува, а има и видео надзор.Oсобено важно е што со видео камери се покриени и локациите од каде се украдени артефактите. Предметите кои недостасуваат ги ги должеле двајца кустоси од музејот. Министерката Канчевска милевска вели сите вработени имаат огромна одговорност за зачувување на културното наследство кое го поседува музејот.
- Ќе мораме да го чекаме исходот од истрагата на МВР, но во секој случај како министерство за култура сакам да кажам дека секој директор има голема одговорност во функционирањето на институцијата.Кога станува збор за музејот на Македонија сите вработени имаат голема одговорност во зачувувањето на културно историското наследство кое го поседува музејот – рече во телефонски разговор за МТВ министерката за култура Елизабета Канческа Милевска
Засега останува енигма од кога се украдени артефактите од депото и дали недостасуваат само првично откриените 60-тина предмети.. Во музејот се формирани две комисии кои ќе извршат попис на артефактите во депото и кои треба да откријат дали недостасуваат уште предмети. Извештајот од музејот треба да биде готов до вторник и да биде предаден на полицијата..
МИЛЕ A. РИСТEСКИ
