До 15-ти април задолжителен попис на пчели

12.03.2014 09:01

До 15-ти април мора да се направи пописот на пчелните семејства. Наместо два пати годишно оваа обврска пчеларите ќе ја прават еднаш годишно...

До 15-ти април пчеларите треба да го завршат пописот на пчелните семејства на своето одгледувалиште.
 
Податоците треба да ги досават до овластеното ветеринарното друштво, а документот да го чуваат најмалку три години од денот на  пописот.
 
Доколку настанат промени веднаш треба да се внесат во Регистарот.
 
Во електронската база на податоци што ја води Агенцијата за храна и ветеринарство покрај бројноста се внесуваат и информациите за здравствената состојба и мерките за ограничување на движењето на пчелите.
 
Регистрираните пчеларници, од ветеринарното друштво добиваат идентификациска табла поставена на видливо место,а доколку е нечитлива, оштетена или изгубена мора да се замени со нова.
 
Трошоците се на товар на пчеларот.
 
Методија Трајков