Светска банка: Сиромаштијата е закана за Западен Балкан

13.07.2020 14:31

Ковид- 19 предизвикува зголемување на сиромаштијата во земјите на Западен Балкан- велат експертите на Светскта банка. Предупредуваат- обидте за спас на еконимијата ќе го зголемат надворешниот долг. Според првичните прокции корона- кризата ќе турне над 70 илјади лица во сиромашен живот...

Првичните предвидувања на Светска банка говореа дека влијанието на Ковид 19 врз глобалната економија може да турне 71 милион луѓе во екстремна сиромаштија, односно да имаат помалку од 1,9 долари за покривање на дневните потреби. Но, експлозијата на бројот на заболени во светот полека оваа прогноза ја турка кон лошото сценарио според кое годинава дури 100 милиони луѓе ќе се соочат со сиромаштија. Оваа бројка нема да се промени ниту в година затоа што трите земји со најбројно сиромашно население Нигерија, Индија и ДР Конго предидуваат симболични стапки на економски раст, а имаат 19 милиони сиромашни граѓани.

„Со пандемијата и економското опаѓање, финансиските стресови значително се влошија последните неколку месеци – изразени преку рецесија, одливи на огромен капитал и намалување на извозот и на дознаките. Човечката цена е огромна. Стотици милиони луѓе во земјите во развој ќе бидат вратени во сиромаштија“, изјави Двтон Дејвид Малпас- претседател на Светска банка.

Претсеадтелот на Светска банка, Малпас предупредува дека зголемените трошоци на државите во справување со коронавирусот и обидите за спас на економијата ќе го зголемат надворешниот долг скоро на сите земји, а особено на најсиромашните. Сиромаштијата не ги одминува ниту земјите на Западен Балкан.

„Приходите ќе претрпат силен удар, особено во секторите коишто ќе бидат најсилно погодени од кризата, а загубата на приходи значи дека и голем број луѓе ќе бидат изложени на сиромаштија. Дури и пред кризата нашите проценки говореа дека приближно една петтина од населението живее со сиромаштија“- вели Танг Ван Нгуен, виш економист на Светска банка.

Според неа, постојат семејства коишто се веќе сиромашни и кои зависат од приходите што ги имаат седмично или пак на дневна основаи тие се особено погодени од кризата.

Вашингтонските банкари проценуваат дека доколку земјите не интервенирале поради корона кризата најмалку 400 илјади лица ќе ја почувствувале сиромаштијата,а доколку таа потрае подолго, дури 950 илјади лица ќе бидат загрозени до крајот на август. Ван Нгујен предупредува дека ако се има предвид неизвесноста и вториот бран на пандемијата, состојбата може дополнително да се влоши.

Свето Николовски