Горивата поскапуваат од половина до еден денар
Регулаторната комисија донесе одлука- од полноќ Еуросупер- 98 и екстра лесното масло ќе имаат повисока цена за половина денар и ќе се продаваат за 63,5 денари за литар односно 53 денари. Еуросупер- 95 и дизелот ќе бидат поскапи за еден денар.

Поскапуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија донесе одлука- од полноќ Еуросупер- 98 и екстра лесното масло ќе имаат повисока цена за половина денар и ќе се продаваат за 63,5 денари за литар односно 53 денари. Еуросупер- 95 и дизелот ќе бидат поскапи за еден денар. Малопродажната цена ќе изнесува 61,6 односно 53,30 денари за литар гориво.
Мазутот е со зголемена цена од 0,605 денари ќе изнесува 26,58 денари за килограм. Новата ценовна политика според надлежните се базира на повисоките референтни цени на светскиот пазар во изминатата седмица и повисокиот курс на денарот за 0,507 насто во однос на доларот.
