Попоски во Берлин на средба со Штајнмајер

12.03.2014 09:05

За време на посетата, министерот Попоски ќе има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во работна посета на Берлин каде што ќе се сретне со неговиот германски колега, Франк Валтер Штајнмајер, соопшти Министерството за надворешни работи.
 
За време на посетата, министерот Попоски ќе има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, како и одделни средби со повеќе германски пратеници од редовите на Социјал-демократската партија и Христијанско-демократската унија.
 
Предвидено е Попоски да има средби и со советниците за надворешни работи и за европски прашања на германската канцеларка Ангела Меркел, како и работен брифинг во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“.