Не е важно кој ќе победи, туку кој ќе ја заврши трката
Многуте промени го направија непредвидлив стартот на новата сезона во Ф1 како никогаш досега.
Според техничкиот директор на Ферари, Пет Фрај сега не е толку важно кој ќе победи туку кој ќе ја заврши првата трка во Мелбурн или уште повеќе кој ќе се појави на стартот по саботните квалификации.

Фрај смета дека формула 1 добива сосема поинакво лице. Постојаноста на болидите во текот на минатите сезони според него била речиси неверојатна, додека сега тоа ќе биде проблем , барем според виденото на тестовите. Сега многу внимание ќе се посветува на штедењето на горивото, балансот меѓу потрошувачката на бензин и на електричната енергија како и внимавањето на софистицираната нова технологија особено на системот за регенерирање на енергијата(ЕРС).